Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Абрамович потрошил 2,4 милијарди евра на Челзи

Од дата: 10-03-12 г.

Рускиот милијардер Роман Абрамович потрошил повеќе од две милијарди евра на Челзи, речиси девет години откако го купи англискиот премиерлигаш.

Тој стана сопственик на „сините“ во 2003 година и во осумте комплетирани сезони оттогаш, потроши речиси 770 милиони евра на засилувања, а за плати отидоа 1,4 милијарди евра. Ако на тоа се додадат последните трансфери, како оние на Хуан Мата и Гери Кејхил, и платите за тековната сезона, се стигнува до бројката од 2,4 милијарди евра.
Сепак, клубот во моментов се наоѓа и во иста ситуација како и во пролетта 2003 година, кога со голот на Јеспер Гронкјаер против Ливерпул на 11 мај успеа да се квалификува во Лигата на шампионите.

Tyxo.bg counter