Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Алберто се најаде заразена храна

Од дата: 01-10-10 г.

Трикратниот освојувач на Тур де Франс, Алберто Контадор е суспендиран од страна на Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ) по позитивниот допинг-тест. Во урината на познатиот шпански велосипедист пронајдена е мала концентрација на забранетото стимулативно средство кленбутерол, потврди Светската антидопинг агенција (ВАДА). Недозволеното средство, често користено во спортовите за сила, пронајдено е во примерокот кој Контадор го дал на 21. јули, односно за време на престижната француска трка.

УЦИ објаснува дека средството во примерокот на Контадор е 400 пати помало од она кое лабораторијата на ВАДА мора да го детектира, но додава дека велосипедистот привремено и службено е суспендиран, бидејќи примероците А и Б докажале присутност на забранетата супстанца. Доколку се докаже дека Контадор се обидувал на недозволен начин да победува, светскиот велосипедизам ќе доживее голем удар. Иако има само 27 години Шпанецот е најдобриот велосипедист на својата генерација чии победи се гледани како излез од канџите на допингот. Дали на Контадор ќе му биде одземена победата од последната Трка околу Франција од УЦИ се уште не потврдија.

Портпаролот на Контадор, Џакинто Видарте соопшти дека единствениот можен начин на кој велосипедистот во своето тело можел да ја внесе супстанцата кленбутерол е исхраната.
- Досега сите експерти со кои се консултиравме се согласија дека во прашање е случај на заразена храна, посебно затоа што Контадор поминал небројни допинг-тестови за време на Тур де Франс. Бидејќи е пронајдена и толку мала количина, мора да се исклучи сомнежот за намерно внесување, изјави Видарте.

Дејвид Ховман, директор на ВАДА, не сакаше да зборува конкретно за овој случај, но нагласи дека и најмалата неправилност може да го донесе до суспензија спортистот.
- Факт е дека лабараторијата ова го откри. Не постои лимит според кој истрагата не би продолжила. Кленбутерол е во оптек веќе 20 или 30 години, па не станува збор за нешто ново, изјави Ховман.

Tyxo.bg counter