Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Алисон Сток е најсекси спортистка во светот

Од дата: 16-05-12 г.

На два месеца пред стартот на Олимписките игри во Лондон, медиумите постојано организираат анкети и избори за најсекси спортистка на светот.

Големо изненадување се гласовите на балканските љубители на спортот, кои во изборот на хрватскиот портал „sportski.net" се одлучија да гласаат за спортистка од друг континент во конкуренција на една Ана Ивановиќ и Сања Поповиќ. 
Балканот ја избра американската атлетичарка Алисон Сток за најсекси спортистка во светот. Дваесет и тригодишната Алисон не е само уште едно убаво лице во спортот. На 15-годишна возраст ги воодушеви љубителите на американската атлетика, кога постави национален рекорд во скок со стап, кој никој не го соборил до денес.
Таа ја почнуваше битката со неприкосновената Елена Исинбаева, кога тешката скршеница на ногата по падот на бетонски под ја уназади нејзината кариера. Олимписките игри во Лондон ќе бидат добар залет за нејзиниот бум во атлетиката. 
Во финалето на изборот, во кој учествуваа дури 80 спортистки, Алисон ги победи Антонија Мишура (Хрватска) на второто и Ана Ивановиќ (Србија) на третото место. Четврта е хрватската одбојкарка Сања Поповиќ, а петта, руската тенисерка Марија Шарапова.

Tyxo.bg counter