Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Американките ја збогатија златната колекција

Од дата: 13-08-12 г.

Дел од имињата на кошаркарките се менуваат, но не и финалните резултати на женскиот дел од турнирот. Петти пат едноподруго, олимпиското злато во женската кошарка сјае на градите на Американките кои овојпат во финалето во Лондон, лесно ја совладаа Франција со 86-50. Последниот пораз женскиот тим на САД го претрпе во 1992 година. 

- Ова покажува колкав квалитет и броен талент има во нашата земја. Женската кошарка е наш спорт, доминантни сме. Kошарката ја играме уште од детските денови и на теренот секогаш го даваме и последниот атом од силите - изјави Дијана Таураси за која ова е трето олимписко злато, но по средбата не можеше да ги запре солзите радосници. 

- Низ главата ми мина серијата победи, моите родители и тренерот. Многу работи ми се насобраа во мислите и солзите потекоа, не можев да ги сопрам – додаде една од најдобрите кошаркарки на светот. 

Селекцијата на САД има низа од 41 победи по ред на олимписките средби. Овие триумфи се изразени во просек со речиси 30 поени разлика по натпревар. На големите натпреварувања само еднаш победија со разлика помала од десет поени, и тоа против Русија во полуфиналето на СП 2006 година. На Игрите во Лондон, само еднаш имаа проблем и тоа во полуфиналето со Австралија кога на полувреме губеа со четири поени разлика. Тоа беше прв случај после 12 години Американките да губат по првиот дел. 

Третото место го освои Австралија која ја совлада Русија со 83-74. Австралијките играа финале пред четири и осум години, но овојпат немаа среќа во ждрепката, па со тимот на САД се сретнаа во полуфиналето. 

Селекторот Џиро Ориема не сака да ги споредува составите од 1996 наваму и вели дека овој не е ниту најдобар ниту најслаб, туку дека е еден од петте по ред кои победиле на ОИ. Низата ја почнаа Тереза Едвардс, Дон Стели, Шерил Свупс, Тина Томпсон и Лиза Лесли, а ја продолжуваат Таураси, Сју Бирд и Тамика Kечингс. Со младите ѕвезди како Паркер, Мур и Чарлс кои дадоа голем придонес во победата во Лондон, изгледа дека серијата на САД ќе продолжи и во иднина.

Tyxo.bg counter