Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Армадило - заштитен лик на СП 2014

Од дата: 15-09-12 г.

Меѓународната фудбалска федерација го одобри предлогот за маскота на следното Светско првенство и ја регистрираше во Европскиот институт за патенти. Заштитен лик на Мундијалот во Бразил во 2014 година ќе биде животното армадило, својствено токму за оваа земја. Во конкуренција за маскота биле и животното пума и "Саки", лик од бразилскиот фолклор, за кој особено се залагал тамошниот министер за спорт, Алдо Ребело.

Маскотата допрва ќе добие име, а за тоа ќе решат самите Бразилци по пат на анкета. На ист начин беше избрано и името на официјалната топка за СП, која ќе се вика "Бразука".
Армадило е редок вид на цицач, кој своето име го добил по оклопот, што му овозможува да се претвори во топка во случај на опасност. Се уште неименуваното армадило ќе го замени Закуми, зеленокосиот леопард, кој беше симбол на СП 2010 во Јужна Африка. Прва маскота на светските првенства беше лавчето Вили, кое се појави во Англија во 1966 година. 

Tyxo.bg counter