100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Балиќ во Металург за 200.000 евра годишно?

Од дата: 16-08-12 г.

Најдобриот хрватски ракометар и еден од најдобрите во светот, Ивано Балиќ е на пат да го облече дресот на македонскиот првак Металург, пренесе весникот "24 часа".

Наводно, сопственикот на Металург, Минчо Јорданов бил подготвен да плати 200.000 евра по сезона за услугите на Ивано Балиќ.
- Кој не би сакал да го има Ивано во својот тим? Но, не знам колку пари имаме во моментов. Нема тој да дојде да игра за кикирики - изјави тренерот на македонскиот првак, Лино Червар. 
Тој нема ништо против Ивано да заигра во клубот од Автокоманда. 
- Криза е, не е толку едноставно - рече Червар за хрватскиот весник кој се подготвува со Металург за квалификациите во Лигата на шампионите.

Tyxo.bg counter