Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Без Пецевска во квалификациите за СП

Од дата: 04-11-10 г.

Женската ракометна репрезентација ќе биде драстично ослабена на квалификацискиот турнир за СП 2012, што ќе се игра во почетокот на декември во Драма, Грција, бидејќи на капитенката Драгана Пецевска и претстои пауза од најмалку еден месец поради повреда на десното колено. Ова го потврдија од нејзиниот клуб Будуќност, кој имаше одличен старт во Лигата на шампионите, но без нашето лево крило во тимот на последната средба со Севехоф.
- Ја загубивме Пецевска за преостанатите мечеви од првата фаза, но се надеваме дека ќе биде подготвена во декември, по Европското првенство. Таа ни е многу важен играч - изјави тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ.
Пецевска се повредила на тренингот во Шведска, во пресрет на дуелот со Севехоф, и прегледите во Скопје покажале дека станува збор за скинат мускул. Препораката на лекарите е три-четири недели мирување и уште 15 дена рехабилитација, што значи дека таа сигурно ги пропушта претстојните квалификации, оставајќи го селекторот Гино Стрезовски со Ана Десподовска и Цветанка Срњакова на левото крило. Стрезовски, сепак, е оптимист.
- Според моите информации, повредата не е толку страшна и станува збор за скинати мускулни влакна. Јас очекувам Пецевска да игра во Грција - вели Стрезовски.
(Г.К.)

Tyxo.bg counter