Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

БИДЕТЕ ТИП ТОП: МАСЛО ЗА КОСА, ПОРТОКАЛ ЗА ЛИЦЕ

Од дата: 20-09-12 г.

Испукани нокти, тенка коса без сјај, масна кожа…жените трошат многу време и пари за разубавување. Ние ви пренесуваме совети како да примените најефтини трикови за убавина и секогаш да изгледате тип топ.

Од време на време треба да се напиете чаша црно вино кое е природен антиоксиданс и помага во подобар изглед на кожата.

Лукот ги чува ноктите

Јадете редовно сирење, лук, кромид и ореви.

-Стариот трик е излупено чешне лук да ставите во шишенце со проѕирен лак. Можеби звучи чудно, но оваа постапка ќе ви ги зајакне ноктите.

Нежни раце

-Рацете масирајте ги со кора од лимон. Иако тоа малку може да пече, испуканите раце веднаш ќе се излекуваат. Тоа е како магија!

Портокал за масна кожа

Најдобри маски за лице се оние кои се направени во домашни услови од природни состојки.

-За масна кожа измешајте лажичка сандаловина во прав со малку куркума и неколку лажици сок од портокал. Маската нанесете ја на лицето и на вратот, почекајте да се исуши, а потоа исплакнете со ладна вода. За нормална кожа искористете ги истите состојки, освен сокот кој треба да се замени со розова вода.

Масирајте ја косата со масло

За да имате силна коса масирајте го темето со масло. Еднаш во неделата на косата нанесете кокосово, маслиново или бадемово масло и масирајте пет минути. Оставете десетина минути,а потоа измијте со шампон.

Tyxo.bg counter