Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Бодибилдерка зависна од вежбање, сака да стане уште помускулеста

Од дата: 01-02-12 г.

Рене Кембел е најмускулестата бодибилдерка во Велика Британија, но сè уште не е задоволна од својот изглед и сака уште поголеми мускули.

35-годишната мајка на две деца признава дека страда од бигорексија (опседнатост со развивање на мускулатурата) и пет дена седмично вежба по 2 часа за да ги зголеми своите и онака големи мускули.

Во моментов Рене тежи 84,8 килограми, а има желба да достигне тежина од над 120 килограми.

„Нема да престанам додека не станам поголема. Ги гледам момците во фитнес салата кои се 120 килограми и помислувам дека сакам да бидам толку голема. Ја обожавам мускулестата естетика, да изгледаш како грчки бог. Тоа е форма на уметност“ – изјавила таа за The Sun.

Секојдневно Рене консумира по 4.200 калории преку шест оброци составени од пилешко, ориз и

зеленчук. Таа со себе носи и вага со која ги мери оброците во рестораните.

Разведената мајка е британски шампион, а нејзината наредна цел е да стане светски шампион. Рене започнала да вежба пред четири години.


Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional