Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Болт го надмина и Карл Луис

Од дата: 10-08-12 г.

"Не истрчав светски рекорд, ама сум многу среќен. Денес влегов меѓу легендите. Јас сум најголем жив атлетичар. Покажав на светот кој е најдобар", го истакна својот концепт за легенда, Јусеин Болт по триумфот на 200 метри, по што стана првиот атлетичар кој ги одбранил титулите во двете спринтерски дисциплини,на 100 и 200 метри.

Јамајчанецот го надмина и постигнувањето на Карл Луис кој освои три златни и еден сребрен медал на ОИ 1984 и 1988 година, и стана првиот атлетичар по 36 години кој освоил по две поединечни златни медали едноподруго. Последен на кој тоа му успеа е Ласе Вирен на 5.000 и 10.000 метри 1972 и 1976 година. 
Трката на 200 метри инаку беше целосен тирумф на спринтерите од Јамајка. Болт 19,32, Блејк 19,44 и Варен Веир 19, 84. Трио на атлетичари од ист клуб, ги тренира ист тренер Глен Милс. Голема атлетска сила на малата држава. Впечатокот дека Болт можеше и до светскиот рекорд (19,19) може да ве измами. По трката најде сила да први склекови, а прославата ја зачини и со земањето на фотоапарат од службениот фотограф сликајќи го Блејк и сите околу себе. Стадионот го скандираше неговото име, а добиваше и безброј брачни понуди.
-Мислев дека светскиот рекорд е можен. Но почуствував мало затегање во грбот и само ја одржував брзината. Бев брз, но недоволно подготвен за светски рекорд. -, истакна Болт. 
Само претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Жак Рог не се сложува дека Болт е легенда. Смета дека Јамајчанецот е икона на светската атлетика, ном се уШпТе не е легенда:
- За неговата кариера ќе може да се суди кога ќе отиде во пензија. Карл Луис настапуваше на четири Олимпијади и на сите освои медали. Тој е легенда. Треба да се сочека и да се види дали Болт ќе биде подготвен и мотивиран толку долго да се бори. Во овој моемнт е икона, но не и легенда, порача претседаелот на ИОК. 

Tyxo.bg counter