Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Борко Ристоски суспендиран еден меч од ЕХФ

Од дата: 04-08-12 г.

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски заработи суспензија од еден меч од ЕХФ поради мешаницата на мечот со Австрија.

Македонскиот голман Борко Ристовски нема да биде во можност да настапи за ракометната репрезентација на првиот квалификациски меч против Швајцарија кој ќе се одигра во октомври. Причина е суспензијата од еден меч од страна на Европската ракометна федерација, а заработена поради мешаницата која настана за време на бараж натпреварот за пласман на СП против Австрија.

Во образложението кое е објавено на официјалната интернет страница на ЕХФ се вели дека по разгледаните материјали, Борко Ристовски се казнува со еден меч суспензија поради неспортско и агресивно однесување.

Македонската ракометна федерација има право на жалба на оваа одлука во рок од седум дена.

Tyxo.bg counter