100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Бразил гладен за фудбалско злато

Од дата: 07-08-12 г.

„Kариоките“ никогаш не освоиле олимписко злато во најважната споредна работа на светот, па сега се во позиција да го сторат тоа, но денеска на патот во полуфиналето им стојат упорните Јужнокорејци

Бразилската фудбалска репрезентација има отворен пат кон освојување на првиот златен медал на олимписки игри. Последна пречка пред пласманот во големото финале е селекцијата на Јужна Kореја. Петкратниот светски првак досега има освоено четири медали на ЛОИ, но никогаш не се радувал на златото. Имаат сребро од ЛОИ во 1984 и 1988 и бронза од 1996 и 2008 година. На досегашниот дел од турнирот „кариоките“ се единствените што победија на сите четири меча, додека денешниот победник само еднаш се радуваше на триумф по 90 минути игра. Иако Бразил е апсолутен фаворит, Јужноамериканците се претпазливи и знаат дека воопшто нема да биде лесно. 

- Kорејците цело време трчаат и никогаш не се предаваат. Дури и да се играат дополнителни 30 минути, кога очекувате да бидете заморени, тие не запираат со темпото. Постојано вршат притисок – предупредува капитенот на Бразил, Тијаго Силва. 

Дека знаат да бидат опасни Kорејците покажаа во четврт-финалето кога го направија најголемото изненадување елиминирајќи го домаќинот Велика Британија. Во регуларниот дел беше 1-1, а тимот од Азија победи на пенали со 5-4. Трагичар кај домаќинот беше Даниел Стариџ, кој го промаши последниот петти пенал.

Дуелот на „Олд Трафорд“ ќе биде надмудрување меѓу нападот и одбраната. Бразил е најефикасниот тим и досега даде 12 погодоци, а Kореја ја има најцврстата одбрана и нивниот голман досега само два пати ја вадеше топката од мрежата. 

Во второто полуфинале Мексико ќе игра против Јапонија. 

Француско искушение 

за Црногорките

Унгарија ја реши дилемата кој ќе биде четвртфиналист на машкиот ракометен турнир, откако победи со 26-23 во директен дуел со Србија, меч што решавање за четвртото место во Б-групата. Србија имаше водство, но Унгарија го сврте резултатот во второто полувреме. 

За последното слободно место во четврт-финално вчера решаваа Тунис и Аргентина. Учество меѓу осумте најдобри обезбедија: Исланд, Франција, Шведска, Хрватска, Шпанија и Данска.

Дебитантот на женскиот ракометен турнир на Олимпијадата, Црна Гора, денеска ќе ја има најтешката задача во четврт-финалето, бидејќи налета на светскиот вицепрвак Франција, репрезентација што во прелиминарната фаза загуби само еден бод, од Шпанија. Данска и Шведска останаа без четврт-финале, а двете репрезентации се противници на Македонија на следното ЕП што во декември треба да се игра во Србија. 

Во четврт-финалето на женскиот турнир денеска ќе играат уште: Бразил – Норвешка, Хрватска – Шпанија и Русија – Јужна Kореја. 

Бразил се надева дека токму против актуелниот олимписки првак првпат ќе има шанса да се бори за медал планирајќи се во полуфиналето. Интернационалниот состав на Бразил во кој доминираат ракометарки што настапуваат во европските клубови, загуби само од Русија. Најинтересен би требало да биде мечот меѓу Хрватска и Шпанија, каде „коцкестите“ во деби настапот бараат и прво полуфинале.

Во четврт-финалето, доколку мечот заврши реми, ќе има продолженија од 2х5 минути, доколку повторно е нерешено пак ќе има продолженија од по 2х5 минути, а потоа следуваат пенали.

Резултати од 5 коло на женскиот турнир: А група: Бразил Ангола 29-26, Црна Гора - Русија 25-25, Хрватска - В.Британија 37-14. Табела А група: Бразил 8, Хрватска 8, Русија 7, Црна Гора 5, Ангола 2, В. Британија без бодови. 

Б група: Шведска - Kореја 28-32, Норвешка - Шпанија 20-25, Данска - Франција 24-30. Табела Б група: Франција 9 бодови, Јужна Kореја 7, Шпанија 7, Норвешка 5, Данска 2, Шведска без бодови...

Персон цели 

светски рекорд

На атлетските натпревари Австалијката Сали Персон ќе се обиде да ја освои титулата на 100 метри со пречки и патем да го собори светскиот рекорд. Персон е веќе светска првенка во оваа дисциплина. Таа ќе се обиде да ја додаде олимписката титула кон светската. Персон не се двоумеше да изјави дека ќе го нападне и светскиот рекорд во оваа дисциплина. Таа е фаворит број еден за титулата. Сезонава истрча 5 од 10-те најдобри времиња во оваа дисциплина. 

Но рекордот во оваа дисциплина не е каков било. Стар е 23 години и ~ припаѓа на Бугарката Јорданка Донкова, а е подобар за седум стотинки од најдоброто време на Персон, што е 12,28 секунди. 

- Способна сум да го соборам рекордот на Донкова. Тој рекорд е постигнат во времето кога немаше толку допинг-тестови. Донкова никогаш не беше позитивна на допинг-тест. Сега времињата се поинакви, има многу допинг-тестови. Но како и да е, шпекулациите се едно, а светскиот рекорд е друго. Kога ќе го соборам оној на Донкова, ќе можам да кажам дека сум сигурно најдобра на сите времиња во оваа дисциплина – смета Персон.

Tyxo.bg counter