Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ВЕЖБАЈТЕ ПРЕД ПОЈАДОКОТ, ПОЛЕСНО СЕ СЛАБЕЕ

Од дата: 11-01-13 г.

Тренингот пред првиот оброк е поефикасен отколку да вежбате по појадокот, бидејќи не само што се согоруваат повеќе килограми, туку и се намалува нивото на масти во крвта, покажува најновото истражување во Велика Британија.

Иако предноста од физичката активност одамна е позната, многу луѓе се прашуваат дали е подобро да се вежба на празен стомак или по оброкот.

Докторот Џејсон Гил од Универзитетот во Глазгов смета дека тренингот пред појадок го тера телото да се ослони на веќе постоечките масни резерви за телото да добие енергија.

На 10 волонтери им се направени три експерименти. За време на секоја посетља во лабораторијата, волонтерите добивале појадок. Во првиот експеримент волонтерите по појадокот само одмарале. За вториот морале да одат во брза прошетка пред појадокот, а во третиот шетале по појадокот.

Тие кои шетале пред појадокот потрошиле 33% повеќе од оние кои шетале по појадокот. Тестовите покажале дека имале поголем пад на мастите во крвта.

Tyxo.bg counter