100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Вежбите вe прават повеќе задоволни од животот

Од дата: 14-11-12 г.

Според научниците луѓето кои не се особено задоволни од својот живот, можат да ја променат таа лоша мисла преку спорт. Новите истражувања покажуваат дека аеробните вежби ја намалуваат потребата од други награди, вклучувајќи ги и матријалните бенефиции. Тоа се должи на природното потикнување на расположението што произлегува од тренинзите. За ова откритие пишуваат многу дневни печати.

Аеробните вежби го зголемуваат нивото и го продолжуваат дејството на хемиската материја допамин, одговорен за специфичната состојба во која се наоќате за време и по вежбањето.

Истражувачите од Универзитетот во Берлин спроведиле експеримент, направиле две групи со одреден број на луѓе. Првата група правела само вежби за истегнување, а втората група била подложена на исцрпувачки тренинзи. Половина час после тоа сите луѓе играле на коцкање со готовинско вложување, каде што учесниците требало брзо да ги стискаат копчината за да заработат пари.

Истражувачите истакнуваат дека мозокот кај сите луѓе реагира на ист начин кога се однесува на губење на пари. Сепак луѓето од втората група немале толку силна желба да се напрегаат побрзо да ги стиснат копчината. Тоа значи дека матријалниот бенефит не ги правел толку среќни.

Според две други неодамнешни истажувања, објавени од медицинско списание, спортот може да ги промени драстично ставовите на човекот кон храната. Утврдено било дека луѓето кои тренираат, немаат желба да конзумираат брза храна.

Tyxo.bg counter