Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Вежби за топење на мастите

Од дата: 11-08-12 г.

Науката којашто стои позади фитнесот е малку недефинирана и е во постојано менување. Една минута едно истражување поддржува одредени тврдења, за веднаш потоа да ти кажат дека тоа е најлошата работа којашто можеш да си ја направиш самиот себеси. Некогаш дури и ќе ги пронајдеш истите прашања наоколу со измешани и различни проценки и перспективи.

Во напор да се смири лудилото, секоја недела веб порталот MensFitnes се обидува да ги разреши најчестите поставувани прашања на интернет. Денес, добивме одговор на следното прашање: Кои се најефективните кардио вежби и подигања за губење на мастите и салото?

Одговор: Старата поговорка дека "мускулите ги согоруваат мастите" е апсолутно точна. Додека некои се плашат и веруваат дека кревањето на тежина е само за бодибилдери, тие ги игнорираат големите предности кои ги носи тренингот со подигање на тежина. Факт е дека зголемената мускулна густина го подобрува метаболизмот на човекот.

Кога еден човек ќе започне тренинг со подигнувања, телото оди низ фазата наречена Excess Post-Exercise Oxygen Consumption (EPOC). Ова е состојба која му помага на телото да се одмори и бара процеси како што се надополнување и балансирање на хормоните. Исто така, како резултат на зголемената потрошувачка на твоето тело, мастите се складираат и се разградуваат слободните масни киселини. Голем број истражувања покажуваат дека ЕPOC може да трае 38 часа после добар физички тренинг. Сеопфатната тренинг програма за телото која вклучува вежби како што се мртви подигања ќе му помогне на личноста во намалување на мастите.

Што се однесува на кардио вежбите, голем број луѓе преферираат ритмички кардио вежби како џогирање. Како и да е, оваа вежба не е толку ефективна како што е спринтот. Спринтот и другите кратки анаеробични вежби го зголемуваат губењето на мастите така што му дозволуваат на телото да помине низ EPOC фазата, за која знаеме дека му помага на телото да ги согори мастите после тренингот.

Спринтвоите се поефикасни и поефективни од трчањето на долги патеки со мало темпо. Обиди се да пронајдеш слика од маратонец и од спринтер, и забележи ја големата разлика помеѓу нивните тела.

 

Tyxo.bg counter