Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ВИТАМИН D !

Од дата: 02-02-12 г.

Од сите апчиња и сирупи кои ветуваат зајакнување на имунолошкиот систем, само еден витамин ја завршува целата работа. Тоа е витаминот Д. Луѓето кои имаат доволно количина на витамин Д во организмот, имаат и најмалку шанси да страдаат од инфекции на респираторните патишта, вели една од неодамнешните студии на речиси 7.000 возрасни испитаници во Британија. За витаминот Д се верува дека има силен ефект врз имунолошкиот систем и дека има различни механизми со кои влијае врз респираторното здравје. Овој витамин има својства кои помагаат во борбата против вирусите и бактериите во организмот на човекот. Секој 10  nmol/L го зголемува нивото на витамин Д кој е поврзан со 7% помал ризик од инфекции. Луѓето со повисоко ниво на Д витаминот имаат подобра функција на белите дробови од  оние кои се Д дефицитарни. Сонцето е основен извор на витамин Д, но зимно време, скоро и не можеме да рачунаме на тоа. Затоа, подобро е да внесувате витамин Д преку исхраната или со конзумирање на додатоци богати со витамин Д. Витаминот Д е добро застапен во месото од риба, жолчката од јајцето и рибиното масло.  Има и продукти во кои производителите по вештачки пат додаваат витамин Д. Такви продукти се: корнфлексите, кравјото млеко, сирењето и маргаринот. Сепак, тоа не е задолжително за производителите, односно не е сигурно дека во секој од овие производи ќе најдете витамин Д. Затоа, пред да го купитe производот побарајте информација за составот на продуктот на неговата етикета.

Tyxo.bg counter Valid XHTML 1.0 Transitional