Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Втора победа за мажите и втор убедлив пораз за дамите на Олимпијадата во шах

Од дата: 28-09-10 г.

Канти Мансијск, 23 септември 2010 (МИА) - Во рамките на 3.коло од Шаховската Олимпијада што се одржува во Русија, машката шаховска репрезентација на Македонија ја победи Доминиканската Република со 2,5:1,5, а македонските репрезентативки загубија од Ерменија со 4:0. 

На денешните натпревари во машкиот дел Македонија губеше со 1:0 по поразот на Недев (играше со црни фигури) во 28 потег од Фернандез. Станојоски со црни фигури по 35 потези ја доби партијата против Флакуер и изедначи на 1:1. Митков со бели фигури го победи Инфанте со жртва на ловец во 40 потег, по кој се одигра уште четири потези и противникот ја предаде партијата, за водство на Македонија од 2:1. Најдолго од денешниот меч траеше партијата на Глигоров кој од 42 потег имаше ловец и пион, а противникот коњ и два пиона. Доминиканецот се обидуваше цели 55 потези да ја валоризира предноста, но Глигоров рутинирано се бранеше од сите напади и партијата заврши реми во 97 потег за конечна победа од 2,5:1,5 за Македонија. Македонскиот репрезентативец играше со бели фигури. 

Резултати по табли на дуелот Македонија - Доминиканска Република: 

прва табла: Владимир Георгиев - Лисандро Муњоз 1/2:1/2, 

втора табла: Франсис Фернандез - Трајко Недев 1:0, 

трета табла: Никола Митков - Мигуел Инфанте 1:0, 

четврта табла: Луис Флакуер - Звонко Станојоски 0:1. 

Од дамите прва својата партија ја заврши Јоноска која беше матирана во 42 потег од Мкрчијан. Отпорот на Коскоска која играше со бели фигури траеше 48 потези. Матирана во 37 потег беше и Стојковска. Единствената македонска шахистка која денеска пружа поголем отпор беше 16-годишната Бејатовиќ која загуби по 64 одиграни потези, а имаше голема шанса за најмалку реми. 

Женските репрезентативки на Македонија и на Ерменија по табли играа: 

прва табла: Габриела Коскоска - Елина Даниелиан 0:1, 

втора табла: Лилит Мкрчијан - Катерина Јоноска 1:0, 

трета табла: Моника Стојковска - Лилит Галојан 0:1, 

четврта табла: Анахит Каратјан - Бојана Бејатовиќ 1:0.

Tyxo.bg counter