Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Голот на Пандев - заверка на селекторската кандидатура на Седлоски

Од дата: 17-08-12 г.

Дваесетипетиот гол на Горан Пандев во репрезентативниот дрес не само што ни го донесе триумф туку може да биде одлучувачки фактор во изборот на новиот селектор. Пред мечот тој вети дека ќе игра за својот довчерашен репрезентативен другар Гоце Седлоски и ветувањето го исполни. Трчаше како можеби никогаш досега, се трудеше навремено да ги проигрува своите соиграчи, а во 53 минута, рутинирано го совлада ,противнички голман.

Гоце Седлоски кој беше прв пат во улога на селектор, во текот на целиот натпревар диригираше од атлетската патека. Иако сакаше да покаже смиреност, на пресот по натпреварот, очигледно беше дека победата му направи голем кеиф и може да биде голема препорака во изборот на новиот селектор.
- И пред натпреварто кажав дека многу верувам во моите играчи, Добро ги познавам и бев уверен дека ќе го дадат максимумот. Јасно беше дека Литванија не е лесен противник. Најважно е што победивме, што се врати атмосферата во репрезентацијата, што овие два- три дена бевме едно семејство. - рече Седлоски кој не криеше дека е заинтересиран за селекторската функција.
- Имав разговор со раководството на ФФМ на кој го кажав своето гледиште. 
Бев назначен само за овој меч, па не би сакал сега да коментирам дали би останал на кормилото. Сакам да кажам дека располагаме со квалитетен состав. Имаме супер напад, добар среден ред, а за одбраната во кој и јас играв долги години не би зборувал, бидејќи таа е можеби најсилниот дел од репрезентацијата. Имаме уште три-четири фудбалери за кои што сум сигурен дека можат да дадат дополнителен квалитет на оваа репрезентација. Сепак, не сакам да се наметнувам, ќе ја чекам одлуката на челниците на ФФМ - истакна довчерашниот репрезентативен капитен. 
Гоце Седлоски се осврна и на својот претходник Џон Тошак.
Една година работев со Тошак и можам да кажам дека е квалитетен тренер и јас лично многу научив од него - рече Седлоски. 
Што се однесува до самиот натпревар, во првото полувреме и двете репрезентации играа претпазливо, па не видовме речиси ништо. Влегувањето на Ферхан Хасан во вториот дел го раздвижи нападот. Игравме побргу, што резултираше и со победничкиот гол. Во 73 Хасани можеше да се запише во листата на стрелците, но по додавањето од Пандев, од десетина метри шутираше над голот. Во финишто на мечот се сконцетриравме на одбрана и преку контри се обидувавме да сториме нешто повеќе.
Веќе на 7 и на 11 септември, на стартните квалификациски мечеви со Хрватска во Загреб и со Шкотска во Глазгов со нов селектор ќе се увериме со какви амбиции ќе влеземе во квалификациите.

Tyxo.bg counter