Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Гоце Мојсоски по третпат стана шампион во бодибилдинг

Од дата: 10-11-10 г.

 Во саботата   на  6-11-2010 во Битола се одржа Државен натпревар во фитнес и бодибилдинг  каде   познатиот боди билдер од Охрид Гоце Мојсоски  ја освои државната титула во бодибилдинг во полутешка категорија. Мојсовски стана трикратен шампион.Тој го  освои  и второто место во асолутна категорија, каде прв беше Зоран Лазароски (Паљо )од Битола, а третата позиција ја освои  Бобан Наумоски од Охрид.
“Последниот успех значи многу за мене. За ваков успех е неопходно да се вложи многу напор, секојдневно вежбање, еднообразна храна, како и откажување од многу груги нешта. “
Освоената награда на Државниот натпревар по фитнес и бодибилдинг, Гоце Мојсоски ја подари во хуманитарни цели.  Наградата им беше предадена на Домот за деца и доенчиња во Битола.

Tyxo.bg counter