100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Гроздовиот шеќер e потребен за работата на мозокот

Од дата: 18-09-12 г.

Грозјето, можеби, е и најценетото овошје: има многу шеќер - околу 17 отсто, и тоа главно, гроздов, кој е неопходен за работата на мозокот и на срцевиот мускул. Потоа, има нешто повеќе од 0,5 отсто белковини и нешто помалку маснотии. Ги содржи витамините А и Ц, а од Б групата во значително помало количество. Фосфорот и железото се најзастапените минерали, а има и натриум и калиум.

Грозјето нема скроб, а содржи малеинска киселина, па не може да се очекува дека зеленото ќе дозрее по берењето, како овошјата што содржат скроб. Одделни сорти на грозје може да се зачуваат и подолго, и по неколку недели, ако се закачат да висат во воздух (гроздот мора да биде целосно здрав и заштитен од инсекти).
Лековитото и антибиотското дејство потекнува од флавоноидите. Познато е дејството на флавоноидите против бактерии и вируси, воопшто, против инфекции. Грозјето има благотворно дејство, речиси врз сите органи, зашто влијаа врз подобрување на циркулацијата на крвта и помага во процесите на детоксикација, а ја подобрува работата и на бубрезите. Се препорачува за време на закрепнувањето и по оперативните зафати. Количеството на грозје во овие случаи изнесува три пати по половина килограм, пред јадење, барем половина час. Еден третман на лекување трае три-четири недели.

Tyxo.bg counter