Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ГРОТ СО НЕВЕРОЈАТЕН СЕРВИС ОД 263 КМ/Ч!

Од дата: 10-08-12 г.

АТП турнејата во саботата потврди дека 340-рангираниот Грот, го поставил сервисот во меч од второто коло против Белорусинот Владимир Игнатик на Челенџ турнир во Јужна Кореја.
Неговиот сервис од 263 км/ч е далеку подобар од претходниот рекорд од 251 км/ч на Хрватот Иво Карловиќ, поставен во Дејвис Куп дуелот против Германија во Загреб во март 2011. Федерер не очекува овој рекорд да биде срушен.
"Не се работи за бесконечност, но овој рекорд мислам дека ќе стои со години. Јас имам игран осо Сем и знам дека има огромен сервис, но не очекував да стигне до 263 км/ч. Јас сервирам просечно со 210, така што тоа е многу важно", вели Федерер.
Иако АТП официјално не признава рекорди за брзината на сервис поради различните уреди за мерење, тие потврдија дека турнирот во Јужна Кореја користел исправна технологија. Сервисот не му помогнал многу на 24-годишниот Грот, и тој го загубил мечот со 6:4/6:3.

Tyxo.bg counter