Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Давид Лекута Рудиша од Кенија - Како се уриваат светски рекорди

Од дата: 10-08-12 г.

Највредниот резултат на атлетските натпреварувања досега на Олимписките игри во Лондон го постигна атлетичарот од Кенија Давид Лекута Рудиша, кој во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд 1:40.91 минута.

Рудиша беше и досега светски реордер, а ова беше прв поставен светски рекорд на Игрите во Лондон. Сребрениот медал го освои Нијел Амос од Боцвана, а бронзениот му припадна на Тимоти Китум од Кенија. 

Во сенка на рекордот беше трката на 200 метри кај мажите каде триумфираше Усеин Болт од Јамајка, пред своите сонародници Јохан Блејк и Ворен Веир, кои направија хет-трикк за Јамајка. Болт трката ја истрча за 19.32 секунди. 

Во трискок победи Американецот Кристијан Тејлор со скок 17.81 метри што е негов најдобар резултат сезонава. Второпласиран е неговиот сонародник Вил Клеј, а третопласиран е Фабрицио Донато од Италија. 

Во најтешката дисциплина во атлетиката десетобој уште една победа за Американците. Златниот медал го освои Ештон Итон со 8869 бодови, пред Треј Харди од САД и Леонел Суарез од Куба. 

Во фрлање копје кај жените златниот медал и припадна на Барбора Спотакова од Чешка, која копјето го фрли на далечина од 69.55 метри. Веднаш зад неа се најдоа двете Германки Кристина Обергфол и Линда Стал.

Tyxo.bg counter