Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Дали премногу тренирање е штетно за мускулите?

Од дата: 26-06-12 г.

Науката која стои позади фитнесот и здравјето е луда и менлива. Една минута истражувањето поддржува одредени тврдења, а друга минута тоа тврдење е најлошто нешто коешто би си го направиле себеси. Често ни се случува да пронајдеме исти прашања со различни толкувања и перспективи.

Денес, ќе го разгледаме размислувањето во врска со претренирањето.

Прашање: Што е претренирањето? Дали навистина делува негативно на изградбата на мускулите?

Одговор: Претренирањето е симптом кој влијае на голем број спортисти кои тренираат премногу. Напорната работа во тренирањето мора да биде надополнета со соодветни сесии на одмор. Во тие сесии на одмор, телото поминува низ голем број психофизички промени како што е протеинската синтеза, зголемувањето на мускулните капилари и гликогенските резерви за време на одмарањето и периодот на закрепнување.

Претренираноста се случува кога одморите се или игнорирани или не се воопшто вклучени во тренинг програмите. Рамнотежата на телото помеѓу физичкиот стрес од тренирањето и периодите на закрепнувањето е исфрлена, и сето ова влијае лошо на оној којшто тренира. Поради тоа, перформансот може да биде особено лош поради претренираноста.

Најчестите симптоми вклучуваат намалени перформанси, замор, постојани болки и, во некои случаи, промена на расположението.

Најдобриот начин за спречување на претренираноста е да се вклучат периоди на одмор во тренинг програмата. Добро е соодветно да се планираат варијациите (интензивноста, оптоварувањето, вежбите) во програмата. Зголемете го интензитетот според вашата способност и подготвеност. Претренирањето не само што ќе влијае на вашиот перформанс, туку може индиректно да предизвика повреди. Затоа превенцијата е од суштинска важност.

Tyxo.bg counter