Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ДА СЕ СПАСИ ЕВРОПСКИОТ ТРОН!

Од дата: 05-04-11 г.

Интер и Горан Пандев немаат време за тагување. Во саботата во големата пресметка со Милан можеби и ги загубија шансите за одбрана на титулата во Серија А, но денес тимот од "Џузепе Меаца" има нов предизвик. Денеска во Милано гостува Шалке 04 во првиот 1/4 финален меч од Лигата на шампионите. 

"Овој пораз од Милан дојде во најлош период за нас. Во најлош затоа што сега имаме -6 бода во битката за титулата во Италија. Овие порази од ривали како Милан тешко се забораваат иако мораме да мислиме на нешто друго...", коментира Пандев пред вечерашната пресметка.

Македонскиот репрезентативец вечерва може да стане германски кошмар ако и на Шалке 04 му пресуди во меч од Лигата на шампионите. Тој пред неколку дена со гол во 88. минута го урна големиот Баерн Минхен и го доведе Интер меѓу најдобрите 8. 

"Шалке можеби не е Баерн Минхен, но заслужуваат целосен респект. Не е случајно нивното место меѓу најдобрите 8. Имаат добар тим, но ние сме фаворити и затоа денеска мора да победиме на домашен терен за да немаме притисок пред реваншот во Германија. Треба да се одигра максимално за да се стигне до посакуваната цел", дополнува Пандев, кој ќе биде во стартните 11 на тренерот Леонардо.

Во Интер се надеваат дека ќе станат првиот тим во Европа кој ќе успее да ја одбрани круната две години во серија. Екипата има квалитет, но резултатите се полоши од лани кога "нероазурите" беа убедливи на трите фронта. Интер и Пандев се уште се во трка за трите титули иако онаа во Серија А е речиси недостижна.

Tyxo.bg counter