Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Две победи нe носат на ЕП 2012!

Од дата: 08-11-10 г.

Со ремито во БиХ Македонија е на вистинскиот пат до пласман на ЕП 2012. За дефинитивен пласман на првенството потребни се победи над БиХ дома и Естонија на гости

Конечно, зрак светлина врз машката сениорска репрезентација на Македонија. Нашиот државен тим е на вистинскиот пат во квалификациите за ЕП во Србија и по две кола е чекор пред директниот ривал. Честитки за освоениот бод и "добродошлица" веќе стигнува од Србија, која е домаќин на континенталниот шампионат.
За разлика од речиси сите претходни квалификации, погледот на табелата веќе не предизвикува фрустрација и кнедли во грлото. Сега е сe в ред. Сега ќе сме мирни до јуни кога на свој паркет ќе треба да се стави печат на тоа што почна минатата недела во Скопје, а продолжи во сараевската "Скендерија" викендов.
Немаше да биде страшно и да се загуби, но на Македонија i требаше повеќе. Беше многу важно каков правец ќе фатат квалификациите од повеќе причини.

Tyxo.bg counter