Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Две состојки за побрзо слабеење

Од дата: 02-02-13 г.

Земањето на додатоци во исхраната во облик на витаимн Д и калциум за време на диетата може да доведе до зголемено губење на масното ткиво во однос на диетата без додатоци во исхраната.

Во магазинот „Nutrition Journal“ е објавено истражување кое укажува на витамин Д и калциум како помош при слабеење.

Имено, во текот на диетата (-500 kcal/ден) волонтерите кои земале додаток во исхраната на витамин Д3 (125 IU) и калциум (600 mg) во текот на 12 недели изгубиле повеќе масно ткиво од испитаници со еднаква почетна телесна маса на истата диета, но кои не земале додаток во исхраната.

Освен тоа, се покажало дека испитаниците кои земале додатоци во исхраната во просек изгубиле килограм повеќе и 55.6% од масното ткиво повеќе од испитаниците кои не внесувале додаток во исхрана.

Испитаниците кои земале додатоци во исхраната изгубиле и масно ткиво во подрачјето на стомакот, што е особено важно со оглед на тоа што насобирањето на мастите околу стомакот е ризичен фактор за хронични болести.

 

 

Tyxo.bg counter