Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ДИЕТА: „3 часа“

Од дата: 27-03-13 г.

Новата диета, популарно наречена „3 часа“, се темели на верувањето дека треба повеќе внимание да обрнувате на тоа кога јадете, отколку што конкретно јадете, сè додека храната е во умерени количини и важи за здрава.

Имено, и оваа диета се темели на фактот дека полесно ќе ги изгубите несаканите килограми доколку почесто јадете, секако во помали количини, па наложува храната да ја консумирате на секои три часа.

Оваа диета има неколку основни правила:

Наутро мора да појадувате најдоцна еден час откако ќе станете од кревет.

После првиот оброк јадете на секои 3 часа.

Последниот оброк во денот треба да го консумирате три часа пред да си легнете.

Од намирниците се препорачува многу овошје, вегетаријанска храна со умерен внес на јаглехидрати во оброците. За време на траењето на оваа диета треба да пиете најмалку осум чаши вода на ден, со тоа што на секоја испиена шолја кафе, треба да додадете уште 2 чаши вода. Брзата храна и алкохолот се забранети.

Диетата трае 28 дена, а на секоја недела би требало да губите по еден килограм. Доколку сакате, можете диетата да ја продолжите и понатаму.

Tyxo.bg counter