100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ДИЕТА СО ЈАБОЛКА: ИЗГУБЕТЕ 3 КИЛОГРАМИ ЗА 3 ДЕНА !!!

Од дата: 18-03-13 г.

Најдобро кај ова диета е што во тие три дена нема да се чувствувате слабо и млитаво, бидејќи јаболката содржат многу вода, шеќер и витамини, а од друга страна  имаат многу малку калории.

Оваа диета бара силна волја и самодисциплина, и е најдобра за оние кои поголемиот дел од денот го поминуваат седејќи.

Едно јаболко содржи 65 калории, а на организмот му се потребни 100 калории за да го свари. Тоа значи дека телото ќе треба да потроши 35 калории од сопствените резерви. Значи, без разлика колку малку се движете, вашиот организам ќе губи килограми.

Пред да го прочитате планот на исхрана за сите три „јаболкови“ дена, наша препорака е да не купувате само една сорта јаболка. Купете барем три или четири сорти бидејќи сите јаболка  ја немаат истата структура, вкус и мирис, па тоа би можело да ви биде еден од начините полесно да ги пребродете тие три  дена.

Менито за сите денови е ист:

Појадок:

1филџан кафе или чај (може со кафеав шеќер)

1 изрендано јаболко со малку лимон (малку кафен шеќер по желба)

Ужина:

Шолја чај од шипки или од јаболкова кора (за засилено чистење на организмот)

Ручек:

2 изрендани јаболка измешани со две лажички јогурт и малку кафен шеќер

За пиење – минерална или обична вода или чај од шипки

Ужина:

1 свежа нелупена јаболка

Вечера:

2 цели или изрендани јаболка ( јаболката не ги лупете)

Кога ќе почувствувате глад, пијте што е можно повеќе течности. Кон диетата  освен чајот од шипки можете да додадете и лимонада и зелен чај.

Пред да започнете со диетата, обезбедете се со сушени јаболка кои ќе можете да го јадете во текот на денот во количество колку едно јаболко.

Јадете што е можно пополека

Резултати

Ако сте ги издржале сите три дена, веруваме дека сте забележале и други промени освен губитокот на тие неколку килограми, како што е убава свилена кожа. Всушност, телото сте го ослободиле од бројни штетни состојки, сте ја поттикнале размената на материите, варењето и циркулацијата.

 

 

 

Tyxo.bg counter