100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Димовски по вторпат ќе го напаѓа Ла Манш

Од дата: 21-08-10 г.

Нашиот маратонец, кој каналот го преплива неодамна, в година ќе го плива уште еднаш

Игор Димовски уште еднаш ќе го преплива каналот Ла Манш и со тоа ќе стане првиот македонски маратонец кој овој теснец помеѓу Франција и Велика Британија го препливал два пати. Ова е амбицијата на нашиот маратонец кој веќе побарал од организаторот во Велика Британија да му резервира термин помеѓу 20 и 27 август 2011 година, па сега чека потврда од Довер. Тој веќе го преплива Ла Манш на почетокот на месецов.

Но амбициите на Игор не завршуваат таму. Тој сака да го исплива каналот за рекордно време, што се однесува до македонските пливачи. Рекордот сега му припаѓа на Томи Стефановски кој минатото лето го преплива ла Манш за 7:42 часа. На Димовски му требаа многу повеќе, над 13 часа, но, тој вели дека имал многу неповолни струи, а и водењето на капетанот на бротчето што го следело, било нелогично.

- Веќе ги започнав подготовките за идната година. И покрај тоа што имав повреди на рацете по препливувањето, веќе тренирам во базенот Карпош. Сакам да испливам време кое би било четврто или петто во светот. Би сакал да бидам најбрз во Македонија - изјави Димовски. 

Тој се надева дека скопската општина Карпош ќе застане зад него како спонзор и овој пат. Карпош го спонзорираше потфатот на Димовски и тој смета дека ако го задржи како спонзор, успехот е речиси загарантиран. 

- Покрај Ла Манш, имам намера да пливам во Гран при серијата на ФИНА од првиот маратон идната сезона, што е во претстојната зима, па до крај. Досега немам пливано во ова натпреварување константно, туку инцидентно. Имам намера во тој дел посериозно да се ангажирам - вели Димовски. 

Сезонава во Гран при серијата маратони во кои е и Охридскиот, од нашите константно плива само Евгениј Поп Ацев. Ла Манш, од Македонците, го преплива прв Нико Нестор (1959), следуваше Атина Бојаџи (1969). Стефановски беше третиот, а Димовски четвртиот македонски маратонец што го препливал каналот. При препливувањето Игор имаше тешкотии така што последните 300 метри до брегот кај Кале, Франција, ги пливаше повеќе часови. Рекордот го држи бугарскиот пливач Петар Стојчев, чиј досега ненадминат резултат е 6 часа 57 минути и 50 секунди

Tyxo.bg counter