100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Европа против Скандинавија во полуфиналето

Од дата: 26-01-11 г.

Единствената дилема на СП во ракомет за мажи, што се игра во Шведска, се полуфиналните двојки и репрезентациите што ќе обезбедат пласман на квалификацискиот турнир за Олимпијадата 2012. С` ќе биде познато по одигрување на последното коло. Репрезентацијата на светскиот првак Франција и еден од најголемите кандидати за медал, и Шпанија, едно коло пред крајот на мечевите од главната фаза обезбедија место во завршните пресметки за медал.

Шпанија со победата против Исланд ја отвори вратата и за Франција кон полуфиналето, затоа што „триколорите“ само формално требаше да го одработат мечот со Норвешка, најслабата селекција во групата. Шпанците со 32-24 без проблем се радуваа против олимпискиот вицепрвак, а потоа Франција со 31-26 славеше над Норвешка.

Завчера, Шведска и Данска на коло пред крајот го обезбедија полуфиналето, па сега за да не остане без натпреварувачко значење, последното коло во двете групи денеска ќе се игра за да се дознае распоредот, кој со кого ќе вкрсти во полуфиналето. Засега Данска и Франција ги држат првите позиции, што им носат пресметки со Шпанија односно Шведска, но последната рунда мечеви ќе даде одговор.

Во првата група, покрај победите на Шпанија и Франција за во полуфиналето, Унгарија ја победи Германија со 27-25. Сега Унгарците, Германците и Исланѓаните ќе се борат местата во разигрувањето, кои до седмата позиција даваат шанса за квалификации од ЛОИ. Норвешка без бодови нема никакви шанси.

Јужна Кореја е победник на „утешниот“ Президент Куп, за пласман од 13. до 24. место. Корејците во решавачкиот меч го победија Египет со 26-23, а во борба за 15 место, Алжир ја победи Јапонија со 29-24. За Алжир ова е најдобриот пласман на СП. Пласман од 13. до 24 место: 13. Кореја, 14. Египет, 15. Алжир, 16. Јапонија, 17. Словачка, 18. Австрија, 19. Романија, 20. Тунис, 21. Бразил, 22. Чиле, 23. Бахреин, 24. Австралија.

Tyxo.bg counter