Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Една нова Македонија ќе ја напаѓа Хрватска

Од дата: 07-09-12 г.

Со најава за нови формација и тактика и за подновен стартен состав, новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски на премиерниот меч од квалификациите за Светското првенство во Бразил, вечерва ќе се обиде да го изненади домаќинот Хрватска. Во изминатите три дена, на петте одработени тренинзи во Скопје, новиот стратег се обиде за краток период да создаде нов лик на македонскиот национален тим. Тој уверува дека имаме тим кој може да направи нешто повеќе против Хрватите. Како што вели, дисциплината во играта и добрата атмосфера треба да бидат нашите главни адути за успех на "Максимир".

А, таа можеше да се почувствува уште во преполниот авион, на патот од Скопје за Загреб. Иако беше многу рано, видовме насмеани лица меѓу играчите, срдечност во комуникацијата, со еден збор, како со доаѓањето на Чеде да дувнаа нови ветрови во репрезентацијата. Но, сите овие впечатоци ќе треба вечерва да се потврдат против деветтопласираната селекција на ФИФА-листата.
- На сите им е јасно дека Хрватска е фаворит. Но, ова е премногу значаен натпревар, затоа што почетокот на квалификациите ги одредува идните насоки. Ги знаеме сите противнички слабости, а добро ќе се потрудиме да ги искористиме нашите предности за да дојдеме до позитивен резултат. Но, за да дојдеме до целта, ќе мора целиот тим да игра компактно, да се затвораат сите приоди кон нашиот гол и да ги искористиме шансите, што евентуално ќе ги создадеме. Особено треба да се сконцентрираме на десната страна на Хрватите, која, според мене, е послаба алка во нивниот состав. Јас сум оптимист и верувам дека ќе направиме добар резултат, со кој ќе ја израдуваме Македонија - изјави Јаневски.
Еден од најискусните во нашиот состав, Николче Новески, вечерва се очекува да води голема битка против Модриќ, Манџукиќ, Ракитиќ... 
- Почеток на квалификациски циклус е секогаш важен. Имаме добра атмосфера и силен мотив за игра. Убеден сум дека имаме сили да дојдеме до позитивен резултат.
Новото засилување на Вест Бромвич Албион, Горан Попов, ја поздравува одлуката на селекторот во стартниот состав да има и помлади фудбалери. 
- Имаме нов селектор со големи амбиции, а ние ќе се потрудиме неговото деби да му биде успешно. Добро е што во тимот ќе влезат и помладите, па да се направи спој со поискусните репрезентативци. Оптимист сум дека можеме да извлечеме добар резултат од "Максимир".
Иван Тричковски ќе биде наполно подготвен за вечерашниот меч.
- Се чувствувам добро, повредата е минато. Знам колку се силни овие репрезентации, особено кога играат на домашен терен. Но, знам дека ќе биде лудница во Македонија, бидејќи јавноста е желна за успех - вели Тричковски.

Tyxo.bg counter