Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ефикасни совети за чистење на организмот

Од дата: 23-11-12 г.

Диетите со кои сакаме да го исчистиме организмот вклучуваат гладување, пиење на сок или супа, но сепак тој начин е лош за нашето здравје.

Со јадење на прави намирници ќе му ја овозможите на вашиот организам потребната детоксикација, без непотребното изгладнување. Ви ги донесуваме најдобрите намирници за здраво тело во период на чистење на организмот: 

- Брокулите се преполни со антиоксиданси и одлични за дигестивниот систем.

- Витаминот Ц е еден од најсилните витамини за детоксикација, па обидете се да јадете што повеќе овошје богато со овој витамин. Одличен избор е доколку секој ден пиете по една чаша вода со лимон.

- Исхраната богата со зеленчук секогаш е добра за нашето здравје. Овошјето е богато со витамини, растителни влакна и антиоксиданси, а растителните влакна се особено важни за здрав дигестивен систем. Значи, банани, круши, јаболка, мандарини, калинки - изборот е ваш.

- Лукот е секогаш на нашата листа за здрава исхрана, па поради тоа вклучете го во вашата исхрана. Суров или варен, лукот помага да се истераат токсините од телото.

- Сите видови на зелени храна, како спанаќ, кељ и зелена салата. Тие му помагаат на нашиот дигестивен систем и во излачувањето на токсините.

- Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои ја подобруваат функцијата на црниот дроб.

- Авокадото , маслиновото масло, рибата, сите тие се богати со омега 3 масни киселини кои се одлични за здравјето бидејќи се анти-токсини.

- Кромид, брокула, моркови, зелка , артишок, зелка, карфиол и аспарагус - овие свежи зеленчуци го штитат црниот дроб од штетните токсини.

- Се разбира, за секој процес на детоксикација суштинска е водата, па пијте во големи количини.

Tyxo.bg counter