Од дата: 26-08-10 г.
Жозе Мурињо смета дека Англија никогаш нема да триумфира на големо натпреварување, додека Фабио Капело е на селекторската функција. Италијанскиот тренер постојано е критикуван по елиминацијата на Мундијалот во Јужна Африка, но сепак не си поднесе оставка и ја доби подршката од ФА за останување на селекторската клупа.
- Проблемот е во селекторот. Капело не и одговара на Англија. Тој има еднонасочен однос со играчите. Само прашајте ги сите овде во Реал Мадрид и ќе ви стане јасно. Капело не може да се смени. Таков му е стилот на работа. Тој не може да им се дере на сите и да очекува да ја добие почитта на играчите. Мора да ги натера да се чувствуваат посебно - изјави контроверзниот тренер на Реал.
Мурињо не го штедеше и неговиот наследник во Интер, Рафа Бенитес, велејќи дека неговиот лабав однос го намали кредибилитетот на Ливерпул.
- Тешко е за Рој Хоџсон да направи нешто со Ливерпул, бидејќи клубот оди од лошо кон полошо. Му треба време да го исправи тоа што Бенитес го расипа во овој славен клуб - додаде Мурињо кој од Премиерлигата единствено имаше пофални зборови за неговиот пријател и колега од редовите на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.

