Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Затворањето на Олимпијадата ќе биде поспектакуларно од отвoрањето

Од дата: 11-08-12 г.

Завршната церемонија на годинешната Олимпијада би можела да биде поспектакуларна од отварањето. Во позадината на двочасовниот спектакл ќе се наоаѓаат макети на најголемите знаменитости на Лондон: модел на панорамското тркало "Лондонско око", макети на Тауер Бриџ, Биг Бен и катедралата Свети Петар.

Се проценува дека покрај неколкуте илјади гледачи на стадионот церемонијата ќе ја следат околу 4 милијарди луѓе со посредство на телевизијата.
Во еден дел на церемонијата ќе стојат реплики на автомобилот на Дел Бој од хумористичната тв серија "сплетки", популарниот лондонски такси, спортскиот МГ... ќе се појават многу музички ѕвезди , меѓу кои групите Тејк дет (Таке Тхат), Д Ху(Тхе Њхо), Спајс грлс (Спице гирлс), а ќе продефилираат и група модели како Кејт Мос. 
Во финалето ќе настапи групата Квин, комичарот Расел Бренд заедно со гардата Колдстрим ќе настапат пред големиот огномет.
Завршната церемонија носи назив "симфонија на британската музика" со што се нагласува дека британската музика била највлијателен културен производ во светот во последните 50 години. 
Затворањето ќе започне во 21 часот, а на него ќе настапат 4.100 изведувачи, од кои 3.500 возрасни и околу 380 деца постари од шест години.
Пред гасењето на огинот ќе се изврши примопредавање, а знамето ќе го земе градоначалникот на Рио Де Жанеиро, кој е домаќин на следните Олимписки игри.

Tyxo.bg counter