Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ЗА ОВА ЧУДО ОБЈАСНУВАЊЕ НЕМААТ НИ ДОКТОРИТЕ

Од дата: 15-12-11 г.

Моник ван дер Ворст 27-годишната параолимпика која од својата 13-та година е парализирана од колковите надолу, минатата година се случи чудо по кое Моник повторно прооде. Докторите немаат објаснување и креваат раменици.Моник е успешна параолимпијка која во 2008-ма година во Пекинг освои два сребрени медали во велосипедизам. Мината година доживеала несреќа при што паднала од количката, а додека се опоравувала, чувството во нозете почнало да и се враќа.

По долга рехабилитација кон крајот на 2010 година можела повторно да ги мрда нозете и проодела. Интересно е тоа што докторите немаат објаснување за нејзиното чудесно опоравување. Моник не застанала тука продолжила упорно да тренира, а неодамна потпиша договор со велосипедскиот тим Робобанк и си постави цел да настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година.

Tyxo.bg counter