Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Злато и рекорд за Оливера Наковска-Бикова

Од дата: 01-09-12 г.

Оливера Наковска-Бикова ја круниса својата блескава стрелачка кариера со златниот медал на Параолимписките игри во Лондон, откако убедливо триумфираше во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Триесет и седумгодишната битолчанка славеше во финалето со резултат од 475,7 круга, само два круга покусо од светскиот рекорд на Марина Клименченко, но затоа ова постигнување во иднина ќе стои како нов рекорд на Параолимписките игри. Таа и го одзеде овој статус на Британката Изабел Њустед, која на Игрите во Сиднеј во 2000 година дојде до златото со резултат од 474,6 круга.

Tyxo.bg counter