100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Зошто е аронијата најмоќно овошје?

Од дата: 01-04-13 г.

Веќе долго време се зборува дека бобинките на аронијата се полни со антиоксиданси, но откако и научно се докажа дека имаат најголем антиоксидативен капацитет помеѓу сите бобинки и јаткасти плодови, прогласени се за суперовошје.

Исто така, зрелите плодови на аронијата содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор.

Еве какви сè здравствени бенефиции имаме од консумацијата на аронијата.

- најдобар извор на антиоксиданси – превенција на болести на срцето и крвните садови

- ја прочистува крвта

- го регулира крвниот притисок

- ја подобрува функцијата на дигестивниот систем

- има моќно дејство против бактерии и вируси

- има противвоспалително дејство

- ја поттикнува работата на жлездите

- го зајакнува помнењето и концентрацијата

- го регулира нивото на шеќер во крвта

- го зајакнува имунитетот

- го прочистува организмот преку моќта на излачување на тешките метали и некои радиоактивни елементи од телото 

- помага и при зараснувањето на раните

- го забавува стареењето на кожата и организмот

- штити од УВ зрачење

 

Tyxo.bg counter