Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Зошто сме поспани после јадење

Од дата: 22-09-12 г.

Секој од нас од лично искуство знае дека непосредно после оброкот стануваме уморни и поспани. Како што пренесува професорот Хејдмар Банкофер, сега британските истражувачи откриле зошто е тоа така. Имено, виновни се невроните од меѓумозокот.

За целите на ова истражување биле набљудувани навиките на 1.000 луѓе и била документирана нивната состојба после јадењето. Резултатите покажале дека постојат одредени клетки во мозокот кои се одговорни за нашата будност и активност. Токму тие клетки многу често по обилниот внес на храна се блокираат и тоа нè прави поспани и уморни, објаснува професорот Банкофер.

Одредени неврони во мозокот го произведуваат протеинот орексин, кој е одговорен за будност за време на денот. Шеќерот кој го внесуваме преку храната во телото се претвора во глукоза, а глукозата им пречи на невроните во производството на орексинот. Последица од ова е недостаток на овој протеин брзо по јадењето, заради што и ни се приспива.

За да го спречите недостатокот на орексинот, избегнувајте ги слатките после ручек. Немојте да јадете храна која содржи многу шеќери, избегнувајте го десертот и шеќерот во кафето. Имајте на ум и дека масните јадења во комбинација со јаглехидрати поттикнуваат блокада на невроните.

Tyxo.bg counter