100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ибрахимовиќ станува играч од 200 милиони евра

Од дата: 13-07-12 г.

Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва во пакет одат во ПСЖ за сума од 65 милиони евра, потврди претседателот на Милан, Силвио Берлускони, кој на тој начин продолжи со чистката во својот тим. Откако се ослободи од речиси сите ветерани, како Сидорф, Инѕаги, Гатузо, Неста и Ѕамброта, Милан посака и да заработи нешто, но малкумина очекуваа дека тоа ќе значи продажба на двајцата најдобри играчи.

Сепак, клубот е во финансиски проблеми, а со овој потег ќе направи голем простор во буџетот за плати. 
- Вистина е, ги продадов Ибрахимовиќ и Силва на ПСЖ. На тој начин ќе заштедиме вкупно 150 милиони евра за период од две години - изјави Берлускони за "Газета дело спорт".
Иако се уште не се договорени сите детали од овој мегатрансфер, познато е дека Ибрахимовиќ го чека годишна плата од 12,5 милиони евра, додека бразилскиот стопер ќе прима двојно помалку. Швеѓанецот сега станува најскапиот фудбалер на сите времиња, имајќи предвид дека клубовите за него досега платиле вкупно обесштетување од околу 200 милиони евра. 
Откако минатата сезона ја загуби титулата во француското првенство од "малиот" Монпелје, богатите арапски газди на ПСЖ сега преземаат чекори тоа да не се повтори веќе. Претходно беше доведен напаѓачот на Наполи, Есекиел Лавеци.

Трансферите на Ибрахимовиќ

Од Малме во Ајакс: 8.000.000 евра.
Ајакс-Јувентус: 16.000.000.
Јувентус-Интер: 24.800.000.
Интер-Барселона: 69.500.000.
Барселона-Милан: 24.000.000.
Милан-ПСЖ: 65.000.000 (со Силва).

Tyxo.bg counter