Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Има 75 години и изгледа вака!

Од дата: 18-06-12 г.

Ернестин Шепард има 75 години и е повитална и поспособна од речиси сите млади.

Таа го има постигнато Гинисовиот рекорд како најстара жена бодибилдер. Еве како изгледа нејзиното секојдневие:

Ернестин станува секое утро во 03:00 часот и денот максимално го искористува за џогирање, дигање тегови и вежбање. Таа работи како професионален тренер во фитнес центар.

Чувствувајќи се подобро отколку на 40-годишна возраст, Ернестин Шепард јасно ни покажува дека излегувањето од форма како што поминуваат годините дефинитивно е сопствен избор, а не нешто што е неизбежно. 

Таа веќе 54 години е во среќен брак со својот сопруг Колин Шепард (80).

Погледнете го резултатот од поговорката „во здраво тело здрав дух“, земена како животно мото. Оваа жена не е само пример за постарите жени ширум светот, туку за секој од нас, без разлика на полот и возраста.


 


Tyxo.bg counter