Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Италијанците ќе навиваат за Роси и за Дукати

Од дата: 17-08-10 г.

Со девет титули е најуспешниот мотоциклист и првпат во својата кариера ќе вози за италијански тим

Еден од најпопуларните и најдоброплатени италијански спортисти, мотоциклистот Валентино Роси, од следната сезона ќе се натпреварува за Докторот потпишувајќи двегодишен договор. Првпат во својата кариера деветкратниот светски шампион ќе вози за италијански тим. Досега во кралската класа возеше за јапонските Хонда и Јамаха. Во Јамаха премина од 2004 и освои четири титули, а претходно во Хонда забележа две круни во кралската класа. Пред да се натпреварува во МотоГП класата, триумфираше и во категориите до 500, 250 и 125 см3. На крајот од оваа година му истекува договорот со Јамаха и истиот не го продолжи.

Актуелниот првак во Мото ГП ќе се обиде да стане првиот мотоциклист што освојувал титули за три различни конструктори, односно во случајов за Хонда, Јамаха и Дукати.

- Валентино е наш возач од 2011. Тој е вистински феномен и пример за совршенство во светот на мотоциклизмот. Уште од првиот работен ден ќе работиме на развивање на секој детаљ. Да се работи со него е воодушевување за секој инженер - изјави Филипо Прециози, генералниот директор на Дукати.

Самиот Роси призна дека во Дукати, за разлика од Јамаха, ќе има полесна работа да создаде шампионски мотоцикл и неприкосновен тим околу себе.

- Кога дојдов во Јамаха во 2004, тој беше просечен тим а јас морав да го издигнам во најдобар. Во Дукати е поинаква ситуацијата, бидејќи тие во 2008 триумфираа со Кејси Стонер и донекаде може да се каже дека се конкурентен тим - наведе Италијанецот. 

Со неговиот ангажман во Дукати станува јасно дека од тука ќе си замине Стонер. Австралиецот ќе се трка за Хонда, а партнер на Роси ќе му биде Ники Хејдн. Испразнетото место во Јамаха ќе го пополни првакот во супербајк во 2009, Бен Спајс, кој сезонава се натпреварува на приватен мотоцикл од овој произведувач. Една од причините за заминувањето на Роси секако е неговиот тимски партнер Хорхе Лоренцо, кој сезонава е феноменален со седум победи од десет Гран при настапи. Поголемиот дел од победите Шпанецот ги извојува како чиста рутина и сега е недостижен на првото место во генералниот пласман.

- Дојде момент за нов предизвик. Мојата мисија во Јамаха е завршена и таа беше мошне успешна - додаде Роси.

Иако до крајот на сезоната преостануваат уште осум трки, тој одлучи уште сега да ја објави веста бидејќи во меѓувреме ги загуби шансите за одбрана на титулата. Пред два месеци на ГН на Италија доби скршеница на ногата. Иако поради паузата од повредата премногу заостана во однос на Лоренцо, тој уште еднаш воодушеви со својот професионализам, на тренинзите доаѓаше со патерици и за шест недели повторно почна да се трки и на последните три натпревари се најде на Топ 5 позициите. Последните неколку години тестираше за тимот на Ферари, во Формула 1. Италијанците упорно ја туркаа идејата еден Ф1-тим да може да се натпреварува со три болиди за да најде место за 31-годишникот, но таа идеја пропадна пред ФИА, па така остана само можноста да продолжи на две тркала.


Tyxo.bg counter