Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Какви сè придобивки имаме од зелениот чај?

Од дата: 20-09-12 г.

Редовното пиење зелен чај ја подобрува функцијата на мозокот, позитивно влијае врз нервните клетки поврзани со меморијата, а научниците велат дека постојат уште безброј бенефиции од овој здрав пијалак.

Најновата британска студија, објавена во списанието „European Journal of Clinical Nutrion“, го дополни списокот за корисните ефекти на зелениот чај, кој исто така вклучува намалување на ризикот од Алцхајмерова болест и некои видови рак, подобрување на кардиоваскуларното и оралното здравје, а помага и при слабеењето. 

Во оваа студија, за прв пат беа забележани промените во мозокот после пиење зелен чај , така што испитаниците биле снимани со магнетна резонанца. Во студијата учествувале 12 здрави волонтери, кои по консумирање 250 до 500 мл напиток кој содржел или пак не содржел екстракт од зелен чај, им била тестирана работната меморија.

За време на ова истражување е утврдено дека делувањето на чајот е директно поврзано со подобрување на мозочните функции и се открило дека поголемата доза на зелен чај има позначаен ефект.

Tyxo.bg counter