Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како да се зголеми телесната маса?

Од дата: 06-02-12 г.

  • За почеток треба да направите кратка анализа на она што го јадете во текот на денот, колку оброци на ден консумирате и каква храна јадете. Треба да се зголеми бројот на калории, а тоа може да се постигне со поголеми оброци или оброци кои содржат повеќе калории. Меѓутоа треба да се изберат продукти кои се богати со нутритивни состојки како овошје, зеленчук и мешункасти растенија. Продукти кои се хранливи и богати со нутритивни состојки се: ореви, семки, лешници, бадеми, мешункастите растенија како грашок и леќа, а исто така и месото кое е богато со протеини. Протеините се дел од градбени материи на мускулите  па се неопходни доколку сакате да ја покачите телесната маса.  А секогаш е подобро тоа да се направи со покачување на мускулната маса, отколку да натрупувате масни наслаги на вас. Пожелно е да земате суплемент магнезиум во исхраната поради тоа што тој помага при искористувањето на протеините од страна на организмот.
  • Потребно е вежбање. Редовното вежбање како аеробик, трчање, кревање тежини итн. помага да се зголемат вашите мускули, а со тоа и телесната маса. На тој начин ќе го подобрите и физичкиот изглед. За да постигнете резултати потребно е да вежбате 3-4 денови во неделата.
  • При додавањето на калории во вашите оброци не користете нездрави типови храна како пржени компири, пржено месо, а исто така брзата храна не е добар избор. Пожелно е храната која ја подготвувате да биде варена, печена или динствувана. Јадете повеќе пилешко бело месо, млеко, јајца, млечни производи, овошје и зеленчук.
  • Внесувајте течности. Доколку го зголемите внесот на храна, задолжително треба да го зголемите внесувањето на течности во организмот. Дехидрираноста може да доведе до намалено ниво на енергија а исто така и други здравствени проблеми. Најдобар избор е свежата вода, а исто така природните цедени сокови од сезонско овошје или зеленчук.
  • Спијте редовно. За да функционира вашето тело правилно неопходни се минимум 7-8 часови спиење во текот на ноќта.
Tyxo.bg counter