Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како да се мотивирате за вежбање?

Од дата: 04-09-12 г.

Ако сакате да сте во форма а притоа не сте мотивирани, бидете сигурни дека не сте осамени во проблемот. Ако го одложувате вежбањето затоа што мислите дека немате доволно време или сметате дека вашето тело е изгубен случај, еве како да се мотивирате за вежбање.

1. Првиот чекор кој сигурно ќе ве мотивира за тренинг е зачленувањето во теретана. Ако веднаш платите ќе имате поголеми шанси да се придржувате кон тренингот. 

2. Направете мала група на пријатели или членови од семејството со кои би вежбале секој ден. Ако им ветите на другите луѓе дека ќе вежбате, ќе имате поголеми шанси да се придржувате кон ветувањето.

Вежбањето во група исто така носи добри резултати заради желбата за натпреварување и постигнување најдобри резултати.

3. Организирајте го вашето вежбање за да биде интересно и разновидно. Комбинирајте од недела во недела авантуристички активности со кои однапред ќе се радувате, како што се пешачење, планинарење, веслање, велосипедизам...

4. Наградете се себеси после секоја исполнета обврска која сте си ја задале минатата недела. Наградете се себеси со нешто што за вас е значајно. Но изберете награди кои немаат врска со храна, немојте да се наградувате со нешто што ќе биде контрадикторно на вашиот здрав режим на исхрана.

Tоа би можело да бидат нови патики, или било каква спортска опрема со која едвај ќе чекате да го има следниот тренинг.

5. Вашите цели треба да бидат реални, ако поставите недостижни ќе имате поголема шанса да се откажете. Започнете со нешто остварливо и зголемувајте го - подобрo е да се чувствувате задоволно што сте исполниле барем мал дел од поставената цел отколку да се чувствувате како губитници после само 2-3 недели тренинг.

Tyxo.bg counter