Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како да трчаш побрзо?

Од дата: 14-08-12 г.

Олимписките игри завршија, но тоа не значи дека не можеш да го одржуваш твојот спортски дух. Бидејќи мотото на Олимпијадата е "побрзо, повисоко, посилно", ние одлучивме со вас да споделиме неколку совети и вежби за тоа како да трчате побрзо. Можеби нема да ве претворат во следниот Болт, но сигурно ќе ви помогнат да доминирате во било која дисциплина.

Клучот за да бидете побрзи е да бидете поексплозивни. Доколку сакате да ја подобрите вашата експлозивност, ќе мора да правите вежби чијашто цел се вашите зглобови, колена и колкови.

Колковите особено, се мошне важни за брзината и моќта, без разлика дали се работи за спринт, бокс, фудбал или били што. Друг важен факт е да ги подобрите бутните мускули, листовите и квадрицепсот. Доколку ги погледнете Олимписките спринтери, ќе забележите дека имаат огромни задници и големи рамена. Тоа е изворот на нивната брзина.

Tyxo.bg counter