Од дата: 01-02-12 г.
Додека повеќето луѓе се борат против вишокот килограми, има и такви кои се борат да стават некое кило на себе. ”Јас се обидувам да добијам неколку килограми” - тоа би била фраза на која би добиле одговор “би сакал и јас да го имав тој проблем”.
Јадете и вежбајте редовно!!!
Внесувајте здрава исхрана и редовно вежбајте. Кога сте во потрага да се здебелите на здрав начин, потребна ви е храна богата со материи кои всушност го хранат мускулот. Внесувајте што повеќе млечни производи, пилешко месо, риба и грав. Покрај протеинската храна, за организмот потребни се и јаглехидратите, кои се основен извор на енргија за извршување на било кои активности. Доколку имате физички активности во текот на денот, јаглехидратите не смеете да ги изоставите. Секој ден редовни три оброци, неколку ужинки и редовно вежбање. Што е најважно, потребен ви е совет од фитнес инструктор и консултација со нутриционист.
Суплементи!!!
Кога станува збор за суплименти, најдoбро е да не ги користите т.е сите потребни состојки за вашиот организам да бидат внесени по природен пат преку храната. Но доколку не сте во можност да ги исполнувате бројките кои вашата диета ги налага, тогаш можете да надополнувате со суплименти.
Пред се, најдобро е да се консултирате со тренер или нутриционист, за точно да знаете што недостасува во вашиот начин на исхрана. Доколку бројот на протеини е мал, тогаш користете протеински прашок, доколку имате недостаток на витамини, мултивитамин не би бил на одмет.

