Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Како до 100 склекови во серија?

Од дата: 16-08-12 г.

Дури и да немате никакви аспирации да се придружите на војската или полицијата, мора да признаете дека е навистина моќно да направите 100 склекови во една серија - да не споменуваме дека со тоа ќе имате совршено зацврстено тело.

За таа цел имаме одговори од три тренери кои им помагаат на почетниците да стигнат до совршено тело.

Ерик Монтана, фитнес инструктор во FitnessWorld, Калифорнија

"Тренирајте три пати во неделата.

- На првиот ден, 3-4 серии склекови со додадена тежина на грбот (можете во ранец да додадете 10-15 килограми) со максимум повторувања. 
- Втор ден 12-15 повторувања на бенч прес, исто 3-4 серии. 
- Третиот ден обични склекови 2-3 серии со повторувања до крај.

Секоја недела зголемувајте ја тежината во првите два дена, и зголемувајте ги повторувањата вотретиот ден. Ќе стигнете до целта за неколку недели, зависно од вашата претходна физичка подготвеност."

Кевин Нилд, Директор во Endeavor Sports Performance, Њу Џерси.

"Еден ден, правете бенч прес со тесен фат на шипката, а еден ден со широк фат - 4 серии со  8–12 повторувања за секоја вежба, зголемувајќи ја тежината со секоја серија.

Неколку денови подоцна, направете го истото со коса Z шипка, подигнувајте исто како бенч. 
Во други два денови направете 10 серии со 15 склекови. Намалувајте го периодот на одмарање по пет секунди секоја недела - првата недела 30 секунди; втората недела 25 секунди, и така натаму.

Во петтата недела направете максимум склекови. Бројката ќе ви каже уште колку работа имате до крајната цел.

Џим Смит, тренер во Елмира, Њујорк

Дознајте го вашиот моментален максимум за склекови. Направете склек и паузирајте три секунди (горе) потоа направете уште едно повторување, и повторно одморете 3 секунди. Повторувајте се додека рацете ве држат исправени, така ќе го дознаете вашиот максимален број.

Одморете се три минути, и повторете го процесот се додека не ја достигнете вашата максимум бројка два пати.

После овие 3 изведувања на максимален број на склекови со 3 секунди пауза помеѓу секој склек, за крај затворете го тренингот со обични склекови и одете до крај. После неколку недели, обичните склекови за вас ќе бидат шега, па тогаш ќе можете да се обидете да направите 100 склекови во една серија. Само напред и без откажување!

 

 

 

 

Tyxo.bg counter