Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Канцелара и Еванс против организаторите

Од дата: 30-09-10 г.

Светскиот шампион во трката на хронометар, Швајцарецот Фабијан Канцелара и шампионот од уличната трка Кејдел Еванс се спротиставија на одлуката на Интернационалната Велосипедска Унија (УЦИ) за забрана на радио-комуникацијата за време на Светското Првенство во Австралија. Канцелара вели дека сега има поголема опасност, бидејќи велосипедистите се навикнаа на добивањето информации за опасностите пред нив од своите тимови.

"Правилата се правила и тоа не можеме да го промениме, но мислам дека е навистина погрешно. Сега сме 2010, а не 1996 или 1960. Радиото не е тука да се добиваат трките, за тоа се уште треба да ги вртиш педалите и да одиш до максимум", вели Канцелара, кој денес ќе се обиде да стигне до рекордната 4. титула во трката на хронометар, пред во недела заедно со Еванс да се натпреварува за титулата во уличната трка.

Еванс смета дека забраната може да биде вистински удар за најдобрите велосипедисти, кои се навикнати на радио-комуникација во текот на целата сезона.

"Ќе ги почитувам правилата, но не ми се допаѓаат. Вакви драматични промени не ни се потребни", вели Еванс.

УЦИ минатата година реши целосно да ја отстрани радио-комуникацијата во професионалниот велосипедизам до 2012 година, сметајќи дека технологијата ја нарушува спонтаноста и тактизирањето на велосипедските трки. Забраната веќе важи на трките до 23 години, а оваа година дебитира на Светските првенства. УЦИ планира да ја воведе забраната и на Тур де Франс и покрај незадоволството на велосипедистите.

Tyxo.bg counter