Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кафето ги штити нашите гени

Од дата: 19-09-12 г.

Само една шолја кафе на ден може да ги намали оксидативните оштетувања на ДНК (Деоксирибонуклеинска киселина) за нешто повеќе од 12 отсто. 
Уште порано се воочени ефектите на кафето во смалувањето на апсорпцијата на шеќер од системот за варење во крвотокот, а како што покажаа истражувањата, тоа е последица на влијанието на одредени компоненти кои се наоѓаат во црниот пијалак. 

- Во прашање се биокативните компоненти како хлорагенската киселина, која спаѓа во фамилијата на полифенол, појаснуваат авторите на најновата паневропска студија. 

Пиењето на само една шолја црно кафе на ден обезбедува 350 mg полифеноли. Тоа е состојката што е потребна за антиоксидативните активности во организмот, што овој пијалак го прави еден од најбогатите природни извори на полифеноли во западната исхрана.

Tyxo.bg counter