Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кипротич дочекан како крал во Уганда

Од дата: 16-08-12 г.

лимпискиот шампион во маратон, Стивен Кипротич од Уганда беше дочекан како херој во својата земја откако го освои првото злато за земјата после 40 години.

Сензационалниот победник на маратонот на штотуку завршените олимписки игри кој во Уганда работи како чувар во затвор, од претседателот на државата Јовери Мусевени доби чек од 80.000 долари беше повикан на појадок во Државната куќа. 
Претседателот Мусевени го унапреди Кипротич за девет места, па тој сега ќе биде помошник-управник на затворот, а му вети и изградба на нов дом со три спални соби за неговите родители.
Мусевени го увери Кипротич дека во иднина државата повеќе ќе го финансира развојот на спортистите.
Кипротич беше поздравен од илјадници луѓе додека во кабриолетот со регистарски таблички "УГ Голд" (Уганда злато) минуваше низ улиците на својот град. 
Според Светската банка, просечниот годишен доход во Уганда по глава на жител е 500 долари. 

Tyxo.bg counter